Реал Мадрид ги пријави играчите со кои следната сезона ќе настапува во шпанската Ла Лига. На него се најдоа и Лука Јовиќ и Герет Бејл, и покрај многуте шпекулации за нивно заминување. Сепак, веројатно Анчелоти ќе смета на нив.
Меѓутоа Италијанецот очигледно не смета на Мартин Одегард. Норвежанецот може да си бара нова средина откако не се најде на списокот на играчи кои ќе играат во Примера. И тоа ќе значи најверојатно враќање во Арсенал, но овој пат можеби со перманентен договор.
Изненадува фактот што Рафаел Варан се најде на листата на регистрирани, иако неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед е готова работа.
Првиот меч Реал го игра со Алавес утре во 22 часот.