Ристовски го доби дуелот со Стојановски во хрватскиот шампионат

235

Во 5. коло од хрватската Прва лига играа Динамо Загреб и Горица, а тоа беше дуел и на македонските репрезентативци Стефан Ристовски од едната и Влатко Стојановски од другата страна. Аријан Адеми поради повреда не беше во комбинација за настап во дресот на Динамо.

Динамо победи со 1:0 со автогол на Дока во 36. минута. Ристовски влезе во игра на стартот на второто полувреме, а Стојановски дебитираше за Горица во 70 минута кога гостинскиот тренер фрли се на нападот да спаси бод, меѓутоа тимот не успеа.

ПретходноДарко Додев: Брегалница на Автокоманда може до позитивен резултат!
СледноБаерн тргна со реми во Менхенгладбах (видео)