Македонските одбојкари повторно загубија од Србија, денеска со 3:0 (25:13, 25:18, 25:22), на вториот контролен натпревар во Белград.
Идентично како и вчера, во малата сала на „Арена“, актуелниот европски првак имаше доминантен сервис и напад, како и блок во некои решавачки сегменти од сетовите, па постојано имеше предност во мечот.
Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен кај нас со 17 поени (14 од напад и3 блока), Маџунков имаше 10 (8 од напад и 2 блока), Љафтов застана на 8 (6 од напад и 2 блока).
Со оглед дека натпреварите беа од затворен карактер, селекторите повторно се договорија да одиграат дополнителен сет, а во него Србија беше подобра со 26:24.
Mакедонските одбојкари се враќаат во Скопје и ќе ги продолжат тренинзите во пресрет на 45-то издание на традиционаниот турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“.