Фудбалерите на Кит-Го остварија победа од 2:1 на денешниот тест-меч против екипата на Беласица.
Мечот го отвори Марио Рунтев со гол во 28. минута со кој Кит-Го поведе со 1:0. Со овој резултат се замина и на пауза.
Во вториот дел во 67. минута капитенот на Беласица, Милушев израмни на 1:1, додека победа на гостите им донесе Зоран Андонов во 78. минута од пенал.
Победа оствари и Вардар, кој во последниот контролен меч пред почетокот на сезоната го совлада Осогово со 2:0.
Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа Филип Петковски во 5-тата и Дејан Блажевски во 42-та од пенал.