Супер “генералка“: Воска Спорт си поигруваше со албанскиот прволигаш Егнатиа!

2349

Попладнево во Радолишта, екипата на Воска Спорт ја одигра својата “генералка“ во пресрет на стартот на сезоната во ВМФЛ – ЗАПАД. Ривал беше составот на Егнатиа, тим од елитната лига на Албанија. Сепак момците на стратегот Раде Цицмиловиќ славеа со 2:1 (1:0), иако според шансите победата требало да биде изразена со многу поуверлива разлика, едноставно Воска Спорт на моменти си поигрувала со Егнатиа. Според извештаите од Радолишта, ова било убедливо најдобрата партија на Воска Спорт во текот на овие летни натпревари. Стрелец на двата гола бил Емир Алиу, по еден во двете полувремиња. Нема што, Воска Спорт во новата сезона во ВМФЛ – ЗАПАД и тоа како има што да каже.

ПретходноМитровиќ го постигна eден од најлудите голови во Англија (видео)
СледноСимеоне: И Премиер лигата ги нема Роналдо и Меси па е атрактивна