Бајиќ: Честитки за момците, благодарност за публиката

665

По лошиот старт и поразот од Швајцарија, Македонија вечерва го покажа вистинското лице и успеа да ја совлада селекцијата на Словачка во вториот меч од претквалификациите за СП 2023. По мечот селекторот Бајиќ со своја оценка за мечот:

„Четитки за момците за добриот натпревар. Благодарност и до публиката, тие беа еден голем ветер во грбот. Се надевам дека со Швајцарија ќе бидат во што поголем број. Имавме малку време за подготовка, ама максимално одговорија кошаркарите на сите задачи. Освен во втората четвртина, во другите бевме добри. Сосема заслужена победа. Сега следи Швајцарија, со која имавме голем притисок во првиот натпревар. Јас не им го создав, туку целиот нов тим. Во последните два дена работевме да го тргнеме притисокот и работите испаднаа добро. Исто и оваа победа ништо не ни значи, како оној пораз од Швајцарија. Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму. Се што е добро им препишувам на играчите, се што е лошо оди на моја душа“, изјави селекторот Бајиќ.

ПретходноКошаркарите и одржаа лекција на Словачка за прва радост во претквалификациите (ФОТО)
СледноТрајковски: Одигравме без грешки, заслужено победивме