Кошаркарката за жал во Македонија не е атрактивна па дури и кога игра националениот тим. „Црвено-жолтите“ играат пред малубројна публика и покрај апелот од момците, стручниот тим и раководството на КФСМ пред дуелот со Словачка во рамките на претквалификациите за СК 2023 година.
Засега на трибините има едвај 200 навивачи, иако беше дозволена бројка од 2.000, поточно 30% од вкупниот капацитет. Но, колку толку, важно е дека публиката се врати по долго време.
Македонија на првата средба беше поразена од Швајцарија, па оваа средба е важна за подигање на самодовербата за враќање едно скалило погоре.