Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) донесе и дефинитивна одлука каратето да не биде дел од Летните олимписки игри во Париз 2024 година.
Каратето дебитираше како олимписки спорт во Токио, што пак беше добра вест за македонските каратисти. На изминатите ОИ не претставуваше Пуликсенија Јованоска која настапи во кати.
Овој спорт нема да биде и на програмата на ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година. Од ИОК сметаат дека новите спортови како брејкденс, спортско качување, скејтбординг и сурфање се поинтересни.