Кадетките на Македонија во битка за финале

363

По машката кадетска репрезентација, за место во финале ќе бори и женскиот национален тим. Нашите девојки денеска (18 часот) за противник на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Литванија ќе го имаат составот на Полска.

Станува збор за противник кој нема пораз, доби три меча, а на последниот одигра реми против Исланда, кое го донесе во битката за полуфинале на овој шампионат. Македонија пак има три победи и еден пораз – од Шпанија.

Мотивот за финале е голем во нашиот табор, девојките се подготвени да го дадат максимумот за голем подвиг во Литванија.

ПретходноФановите разочарани: Вечерва ПСЖ без Меси, Нејмар, Донарума, Ди Марија, Рамос…
СледноХаос во Англија: Жестока пресметка на навивачите на Јунајтед и Лидс (ВИДЕО)