Флорентино Перез има намера Реал Мадрид да го пресели во Премиерлигата. Тој деновиве ја разгледувал оваа можност и остварил веќе неколку контакти. “Мундо Депортиво“ пренесува дека за овој потег на Перез, имало повеќе причини. А една од тие е што тој веќе е во отворена војна со Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига. Втората била таа што по заминувањето на Меси во ПСЖ, Ла Лига веќе не е атрактивна како некогаш.
Секако дека Перез не може да го смисли Тебас и поради Суперлигата, кога првиот човек на Ла Лига отворено застана против таа идеја. Третата причина е несогласувањето со Тебас околу договорот со инвестицискиот фонд ЦВЦ, кој во некоја рака е сомнителен. А е потпишан од страна на првиот човек на Ла Лига.