Македонската кошаркарска репрезентација ја запиша првата победа во рамките на вториот претквалификациски дуел за СК 2023 година, ја совлада Словачка со убедливи 47-69. На овој начин сонот за место во следната фаза продолжува, но за таму ќе мора да бидеме уште подобри и похрабри. Веќе сме на половина пат.
На овој натпревар видовме добри и лоши страни, пад во второто полувреме, кое никако не смее да се повтори. На голема среќа во последната и најважна четвртина избраниците на Драган Бајиќ за кого ова беше и прва дебитанска победа одиграа феноменално.
Трајковски со 16 поени и 8 скока беше прв стрелец, зад него беа Мекиќ и Вајли со 12 поени, десет коша запиша Крстевски. Шанса доби и Теодор Симиќ, кој успеа да се запише во листата на стрелци.
За разлика од првата средба, овој пат видовме една поинаква Македонија, но само во првото полувреме во кое нашите кошаркари доминираа. По водството на Словачка од 2-0, „црвено-жолтите“ вратија со серија од 16-3 за плус 11 (5-16). Најголемата позитива беше во 16. минута (15-34). Од овој момент не успеавме да реализирама, но двоцифреното водство на одморот го задржавме 24-35. Трајковски Вајли беа нашите лидери на теренот, постигнаа половина од поените.
За жал паднвме во третиот период, како да се задоволивме со играта во првите 30. минути. Со серија од 8-0, Словачка ја стопи позитивата, дојде на 40-44 во 28. минута. Со истата разлика Македонија влезе во последните десет минути, на голема среќа противникот не искористи чисти шанси, да дојде и до изедначување.
Со 20 поени во низа, осум на Мекиќ, нашите кошаркари ја вратија двоцифрената позитива, во 37. минута беше (42-66). Тука беше крајот на оваа средба, големата позитива и тоа како ќе значи. На другата страна Словачка не успеа да постигне кош седум минути, што доволно говори за квалитетот на оваа селекција.
Следниот натпревар Македонија го игра во понеделник против Швајцарија.