ОФИЦИЈАЛНО: Интер го престави Един Џеко

160

Босанскиот интернационалец Един Џеко од вечерва и официјално е нов фудбалер на Интер. Тој ја напушти Рома и се договори за трансфер во италијанскиот шампион.

35-годишниот голгетер треба да биде замената за Лукаку кој се врати во Премиер лигата. Договорот е потпишан до 2023 година.

Според на новинарот Фабрицио Романо, Интер ќе мора да и плати на Рома 1,5 милиони евра до следното лето, доколку обезбедат место во Лигата на шампионите.

ПретходноЛеванте испушти победа, Барди доби половина час (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 им закажа финале на битолчани