ПОЛУВРЕМЕ: Македонија која сите ја посакуваме, кошаркарите водат со 24-35

244

Една поинаква Македонија. Македонија која што ја посакуваме сите, нашите кошаркари одиграа одлично прво полувреме, не само дефанзивно и офанзивно, туку и атрактивно, и тоа благодарение на Џејкоб Вајли. Американецот со македонски пасош имаше три забивања, оние малкумина на трибините засега уживаат во вакво издание.

На полувремето Македонија води со 24-35. Трајковски со 9 поени е прв стрелец, Вајли има осум поени.

Словачка водеше само на стартот (2-0), Македонија со серија од 16-3 поведе со плус 11, а првата четвртина ја заврши со 10-22. Трајковски и Вајли го дигнаа нашиот тим, одлично играше Николов, Магдевски и Крстевски.

Во една ваква игра и една Словачка која дефинитивно е под нашето ниво, Македонија заслужува победа и пласман во квалификациите за СК 2023 година. Највисоката предност во овој дел од натпреварот ја имавме на стартот на вториот период, имавме плус 19 (15-34) во 16. минута. Четири минути не успеавме да реализираме, на одморот позитивата е 24-35, доволна за надеж дека ќе дојдеме до првата победа.

ПретходноЏеко заигра за Интер дури даде и гол (видео)
СледноФиорентина бара најмалку 70 милиони за Влаховиќ, а веќе има и негова замена