Утринава како “бомба“ одекна веста дека Флорентино Перез има намера гао пресели Реал Мадрид во Премиерлигата. И тоа поради низа причини, а оваа вест ја лансираше “Мундо Депортиво“.
Сепак по неколку часа со свое соопштение се огласи и кралскиот клуб кој порача дека таа вест е комплетна лага, дека е апсурдна и просто невозможна, а нејзина цел била да се разниша самиот клуб.
Инаку на оваа вест со насмевка реагираше и Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига.