Ромелу Лукаку после седум години се врати во Челзи. Неговиот трансфер од Интер во редовите на европскиот првак чинеше неверојатни 115 милиони евра, а за тоа е заслужен неговиот менаџер Федерико Пасторело, кој и тоа како си имал проблеми во овој период.
Па така Пасторело синоќа испрати драматично соопштение до медиумите.
Во него се наведува дека добивал смртни закани до него лилчно, но и до неговите ќерки.
“Многумина од тие што сега ме навредуваат и ми се закануваат и тоа како ми се заблагодаруваа кога го донесов Ромелу во Интер во 2019 година, а сега ми се закануваат. Навистина не можам да сфатам како тоа некои луѓе ми се закануваат дури и со смрт, и моите ќерки добиваа смртни закани. Сето ова не е во границите на пристојноста и цивилизираноста“ се вели, покрај другото, во соопштението на Пасторело.