Трајковски: Одигравме без грешки, заслужено победивме

265

Капитенот на репрезентацијата, Бојан Трајковски, по денешната победа над Словачка со своја оценка за мечот.

„Се што се случи првиот натпревар, го поправивме во вториот. Тоа што се договаравме да не го правиме, не го правевме. Игравме без нервоза и без грешки и на крајот заслужено победивме. Како што го заборавивме поразот од првиот натпревар, така ќе ја заборавиме и оваа победа. Имаме уште два меча до крај, мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе завршиме со тој позитивен скор. Секој натпревар е приказна за себе, ќе се обидеме да бидеме подобри со Швајцарија и да не промашуваме зицери. Сакаме победи и на следните два натпревари“, изјави Бојан Трајковски.

Фото: FIBA

ПретходноБајиќ: Честитки за момците, благодарност за публиката
СледноПријателски средби: Победи на Вардар и Кит-Го