Младата женска ракометна репрезентација за играчи до 17 години обезбеди пласман во големото финале на Б-ЕХФ шампионатот кој се одржува во литванскиот град Клаипеда.
Младите ракометарки на дуелот со Полска славеа со 25:22 и ја потврдија својата одлична форма. Во еден тежок и неизвесен меч, пресудни беа завршните минути кога успеавме да се одлепиме и да ја задржиме предноста за победа.
Уште едно неверојатно издание имаше Ива Младеновска која заврши со 12 постигнати голови, а 6 постигна Ризовска.
Во финалето утре, нашите млади ракометарки ќе играа со Исланд, кој претходно ја победи Шпанија со 32:31.