Челзи со победа од 3:0 над Кристал Палас ја стартуваше новата сезона во англиската Премиер лига. „Сините“ кои пред неколку денови го освоија Суперкупот на Европа, со убедлива победа ја отворија сезоната во домашното првенство. Едноставно го разнесоа својот противник. Маркос Алонсо од слободен удар ја погоди мрежата на гостите, а пред крајот на првото полувреме Кристијан Пулишиќ зголеми по една одбиена топка од противничкиот голман.
Во 58. минута и Тимоти Чалоба со удар од голема далечина ја смести топката зад грбот на Гуаита и обезбеди убедлива победа за „сините“.
Астон Вила доживеа пораз на гостувањето кај Вотфорд со 3:1. Барнли и Брајтон одиграа 1:2, Лестер со голот на Џејми Варди во 41. минута го победи Вулверхемптон со 1:0. Toa e негов седми гол на отварањата на Премиер лигата и има еден помалку од рекордерите Алан Ширер и Вејн Руни.
На „Гудисон парк“ Евертон со 3:1 беше подобар од Саутемптон иако во првото полувреме имаше негатива.