Шампионот на Франција се изрезили пред своите навивачи (видео)

261

Екипата на Лил доживеа вистински срам во 2.коло од новата сезона во Лига 1. На својот стадион изгуби од Ница со 0:4 која патем го запиша најубедливата победа над „кучињата“ во најсилната француска лига.

Лил го освои Суперкупот на Франција, но во првенството тргна лошо. Во 1. коло одигра 3:3 на гости кај Мец, а сега доживеа фијаско дома од Ница.

Гостите по првите 5. минути имаа водство од 2:0. Каспер Долберг и Maрио Лемина ја погодија мрежата на домашните, а Гоири од пенал во 45 минута зголеми на 3:0. Во второто полувреме Долберг зголеми на 4:0. Во 71 минута Гоири реализираше гол за 5:0 но по неколку минути беше поништен на реакција на ВАР поради офсајд.

Како и да е, Лил доживеа пораз што треба да ги освести и да ги врати во реалноста. Очигледно се уште се опиени од славјето од минатата сезона.

ПретходноСимеоне: И Премиер лигата ги нема Роналдо и Меси па е атрактивна
СледноЕдвај 200 навивачи на трибините во СЦ „Јане Сандански“ (ФОТО)