Штутгарт го разнесе Гројтер Фурт, Хофенхајм убедлив кај Аугзбург

106

Пет натпревари се одиграа попладнево во рамките на 1.коло на Бундес лигата, а Штутгарт запиша убедлива победа на домашен терен против повратникот Гројтер Фурт со 5:1. Ендо и Клемен во период од шест минути донесоа водство за „швабите“ од 2:0, а во второто полувреме два гола постигна Кемф, а еден на Ал Гадиуи за домаќините, а во последните секунди Левелинг го ублажи поразот.

Хофенхајм со 4:0 славеше на гостувањето кај Аугзбург. Ова е изненадувачки резултат ако се земе во предвид дека Аугзбург е цврст тим кога игра на свој терен. Брун Ларсен, Адамјан, Рутер и Руди ги постигнаа головите.

Во Берлин, Унион и Баер Леверкузен одиграа 1:1, додека Волфзбург со минимални 1:0 славеше против Бохум кој речиси цел меч го одигра со фудбалер помалку. Во Билефелд домашната Арминија извлече бод против Фрајбург (0:0).

Во 18:30 часот играат Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт, а синоќа Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен одиграа 1:1.

ПретходноМилан со понуда за екс-фудбалер на Интер
СледноХорхе Мартин ја освои пол позицијата на ГП на Австрија