Един Џеко се најде во првиот тим на Интер на вечерашниот пријателски натпревар против Динамо Киев што се игра на стадионот „Бриантео“ во Монца. Босанскиот напаѓач се уште не е официјално претставен како нов член на „нероаѕурите“, но тој веќе го облече дресот и почна да тресе мрежи.
Интер по првото полувреме води со 2:0 против украинскиот шампион, а првиот гол го реализираше Николо Барела, додека вториот Един Џеко.
Everyone hyping up Haaland when Edin Dzeko is obviously clear 🔥🔥🔥 https://t.co/FiA1uV8FzY
— Naavoon (@Nav0n_) August 14, 2021