Македонската интернационалка Наташа Андонова ги постигна двата гола во победата на нејзиниот Леванте во дуелот со Атлетико Мадрид 2:1 во шпанското првенство. Нашата најдобра фудбалерка имаше блескав настап и потврди дека е во форма што е добро за Леванте пред настапот во ЛШ и мечот против Селтик.
Првиот погодок Наташа го реализираше со супер шут со левата нога, додека вториот е од пенал.
👀 Y aquí van nuestros dos goles en el amistoso frente al @AtletiFemenino
Vaya dos 💣💣 de @natasa_andonova #OrgullDeChampions pic.twitter.com/Xv2olyrwGM
— Levante UD Femenino (@LUDfemenino) August 14, 2021