Вардар 1961 им закажа финале на битолчани

340

Вардар 1961 се пласираше во финалето на меѓународниот струшки турнир, откако го совлада Бутел со 25-24.

Актуелниот првак во битката за трофејот за противник ќе го има Е. Пелистер. Ова ќе биде одлична шанса за избраниците на Веселин Вујовиќ да им се реваншираат на битолчани за поразот во Суперкупот.

Вардар 1961 не доминираше на оваа средба, по голема драма успеа да го совлада Бутел Скопје.

На полувреме имаше позитива од 12-10, додека најголемото водството изнесуваше три гола 8-5 и 18-15. Бутел Скопје на минута до крајот се врати, Тот изедначи на 24-24, на другата страна Гурбиндо погоди за 25-24. Шпанецот во својот дебитантски настап запиша три гола.

Ракометарите на Е. Пелистер претходно го совлада Тиквеш со 38:21 за втор триум и чекор кон одбрана на трофејот.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Интер го престави Един Џеко
СледноПСЖ ја престави новата „ѕвездена петорка“ (ФОТО)