Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне одрече дека шпанскиот шампион бил заинтересиран за да го привлече Лионел Меси откако аргентинскиот напаѓач си замина од Барселона. Симеоне вели дека во тоа нема ни трошка вистина.
„Ние не сме преговарале со него, ниту постоеше таква опција. Сепак, треба да се каже дека Премиер лигата ги нема ниту Меси, ниту Роналдо, но останува многу интересно првенство. Дали Ла Лига ќе дојде на ова ниво зависи од начинот на кој сите клубови ќе се развиваат без најголемите ѕвезди во нивните редови“, изјави Симеоне.