Фановите разочарани: Вечерва ПСЖ без Меси, Нејмар, Донарума, Ди Марија, Рамос…

1176

Фановите на ПСЖ по малку се разочарани во пресрет на вечерашниот меч на нивните миленици против Стразбур во рамките на 1.коло на Лига 1. Имено тие дадоа вистинско богатство за билет за овој дуел, но нема да имаат можност да го гледаат не само Меси, туку и уште неколку мега – ѕвезди на својот тим.

Па така Маурицио Покетино за вечерашниот меч со Стразбур, кој почнува во 21 часот, нема да смета, од разни причини, на Меси, Нејмар, Донарума, Ди Марија, Рамос, Маркињос.

Сепак тука ќе биде Килијан Мбапе.

ПретходноБајиќ: Нема назад, гледаме само напред! Овие момци заслужуваат поддршка
СледноКадетките на Македонија во битка за финале