Фиорентина бара најмалку 70 милиони за Влаховиќ, а веќе има и негова замена

355

Шефот на Фиорентина Роко Комисо соопшти дека клубот ќе го продаде напаѓачот Душан Влаховиќ за најмалку 70 милиони евра. Српскиот интернационалец беше импресивен минатата сезона, а и новата ја почна фуриозно што е интересен за многу шпански и англиски клубови. Минатата сезона постигна 21 гол!

Фиорентина ја одби понудата на Атлетико од 60 милиони евра, а сега соопшти дека ќе зборува само со клубови кои се спремни да понудат најмалку 70 милиони евра.

Доколку се случи Фиорентина да го продаде Влаховиќ уште сега тогаш веќе ја има во план неговата замена, тоа е напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака. Италијанецот има договор со Сасуоло до јуни 2025 година, а минатата сезона играше како позајмен во Џенова. Тој е и младински италијански репрезентативец.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија која сите ја посакуваме, кошаркарите водат со 24-35
СледноБраво: Кошаркарите дo 16 години со пехар и златни медали се враќаат дома