Гвардиола по очајниот старт на сезоната: Немавме време за подготовки, но ќе биде подобро

398

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги сподели своите размислувања по поразот од Тотенхем со 1:0 во првиот меч за нив во новата сезона во Премиер лигата.

„Премногу му дозволивме на Тотенхем, не можевме да ја контролираме играта. Лоша епизода со многу непрецизни додавања. Кога работите одат вака, секогаш станува сложено. Фудбалот е за голови. Ваквиот почеток е слика на секоја сезона кога имаш малку време за подготовка. Јас сум повеќе од изненаден колку добро реализиравме некои работи. Многу фудбалери дојдоа во тимот доцна поради ЕП и поради коронавирусот. Има многу причини. Фудбалерите се опоравуваат. Ќе бидеме подобри секоја нова недела“, вели Гвардиола.

ПретходноЛазаров: Се заљубив во овие деца, верувам во нив
СледноПрвиот Швеѓанец во дресот на Севиља