Дани Ингс е стрелец на 2000. гол од пенал во Премиер лигата

110

Фудбалерот на Астон Вила Дани Ингс е стрелец на јубилејниот 2000 гол од пенал во историјата на Премиер лигата. На мечот со Вотфорд кој неговиот тим го изгуби со 3:1, Ингс погоди од белата точка што беше 2000 погодок од 11 метри од формирањето на Премиер лигата во 1992 година.

Првиот пенал го реализирал Брајан Дин, а заедно со него дури 459 различни фудбалери биле прецизни од белата точка во најсилната англиска лига. Што се однесува до рекордерите, најмногу пенали погодил Алан Ширер – 56.

Во топ 3 се уште Франк Лампард со 43 и Стивен Џерард со 32 реализирани удари од белата точка.

ПретходноПолувреме: Води Шкупи, води Ренова… (видео)
СледноБРАВО: Кадетките со пехар се враќаат од Литванија