Ден за финале: Кадетите и кадетките по трофејот во Скопје и во Клаипеда

392

Двете кадетски (машка и женска) ракометни репрезентации на Македонија денеска играат финале на ЕХФ шампионатите. Триумф ќе значи место во А зоната, поточно меѓу најдобрите 16 селекции со што би обезбедиле место на Европското првенство во следниот циклус.

Први на теренот (17 часот) ќе истрчаат кадетките кои вчера ја совладаа Полска и обезбедија место во финалето на шампионатот во Литванија. Нашите девојки за противник ќе ја имаат селекцијата на Исланд.

Во Скопје пак Кирил Лазаров и неговите момци по вторпат на ЕХФ шампионатот ќе ги одмерат силите со Полска. Кадетите на првата средба славеа со 25-30, ова беше меч за пласман во полуфиналето. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноЗајков се договори со Левски
СледноЛапорта подготви нешто неочекувано, навивачите ќе имаат што да слушнат!