Човекот кој го реши финалето на 49. Струшки ракометен турнир, Тимур Дибиров од Вардар, е прогласен за најдобар играч на годинешното издание на традиционалниот летен ракометен собир.
Дибиров блескаше во продолженијата на финалниот меч, постигнувајќи 5 од 10-те гола со кој го заврши мечот.
Наградата за најдобар голман отиде во рацете на унгарскиот чувар на мрежата на Е. Пелистер, Мартон Секељи, додека најдобар стрелец на турнирот е Златко Мојсоски од Бутел.