Анхел Кореа е фудбалерот кој му донесе победа на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Виго (2:1). Шпанскиот шампион тргна победнички иако беше на незгодно гостување, сепак, беше доволно добар за со три бода в џеб да го напушти „Балаидос“.
Кореа погоди во 23. минута, а во 59. изедначи Аспас со гол од пенал. Пет минути подоцна Кореа повторно погоди и со тоа донесе победа за Атлетико.
Во 2. коло Атлетико е домаќин на Елче, а Селта ќе и гостува на Осасуна.