Седлоски: Честитки за момците, победивме квалитетен тим!

1119

Гоце Седлоски, стратегот на Шкупи има право да биде задоволен. Неговите момци успеаја во дербито против Македонија ЃП да ги освојат трите бода.

Тешко е да се игра по вакво време, уште потешко е да се победува. Затоа честитки за момците, одиграа навистина храбро, одважно, знаеја дека оваа победа и тоа како ни е потребна. Успеавме да победиме квалитетен тим, Македонија ЃП се покажа во добро издание, сепак ние бевме подобри на овој дерби меч. И веднаш го забораваме, сега со мислите сме кој среда и гостувањето кај Пелистер. Сакам да кажам дека едвај чекаме да играме на нашиот стадион на Чаир, тоа ќе биде набргу. Се ќе биде поинаку тогаш“ посочи за Спортмедиа, тренерот на чаирчани Гоце Седлоски.

ПретходноСрѓан Захариевски: Заслужена победа, само така да продолжиме
СледноМитев е МВП на ЕХФ шампионатот