Фатих Исмаили: Шкупи оди по трите бода со “лавовите“!

229

По ремито со Брегалница на отворањето на сезоната во ПМФЛ, и тоа во Штип, екипата на Шкупи попладнево на “свој“ терен во Маџари ја дочекува Македонија ЃП. Секако дека императивот за чаирчани е само победа и ништо друго.

Бодовите се потребни, неопходни, тоа го знае и Фатих Исмаили.

Ни претстои и тоа како тежок меч. Македонија ЃП е квалитетна екипа, тоа го покажа во последните неколку сезони. Ние го респектираме противникот, и иако не играме на нашиот стадион на Чаир, секако дека ќе одиме по трите бода. Да кажам дека со помошта на нашите навивачи “шверцери“ ќе ни биде полесно“ изјави Исмаили, фудбалерот на Шкупи.

Да кажеме дека мечот со Македонија ЃП се игра денеска од 17 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.

ПретходноВистинско ремек дело: Во Србија падна еден најубавите голови и тоа од 60 метри (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Битка за Тетово, битка за Скопје…ќе има ли вечерва “романтика“ во Струмица