БРАВО: Кадетките со пехар се враќаат од Литванија

410

Женската ракометна кадетска репрезентација го освои ЕХФ шампионатот во Литванија и обезбеди пласман на Европско првенство. Нашите девојки одиграа одличен меч, го совладаа Исланд со 26-27 и сосема заслужено се радуваа на пехарот.

Дукоска со 11 гола од 14 обиди беше прв стрелец, зад неа беше Ризоска со 7 гола, пет запиша Коцева.

Лавовска битка се водеше во текот на целиот меч. Исланд поведе со 3-1, нашите девојки брзо се вратија. Во 26 минута поведоа со највисоки во овој ден 9-11.

Второто полувреме почна од “нула” на одморот беше 12-12. Исланд дојде на плус два 15-13 во 36 минута, Дукоска со два гола ја врати неизвесноста.

Противникит беше на два гола, но ние успевавме да се вратиме при секој обид на Исланд да избега. Младеновска, Коцева, Дукоска и Ризоска се изборија за водство од 19-21 во 51 минута.

Оваа позитива успевавме да ја одбраниме до самиот крај и тоа благодарение на Ризоска, Дукоска и Коцева.

На минута и пол беше 23-26 за Македонија, потврда дека оваа средба ќе заврши во знакот на црвено-жолтите. Ризоска стави печат на овој дуел за голема радост.

ПретходноДани Ингс е стрелец на 2000. гол од пенал во Премиер лигата
СледноАлексовска е најдобриот стрелец на турнирот во Тбилиси