Ракометарите на Бутел славеа во малото финале на ракометниот турнир во Струга. Во дуелот со Тиквеш, бутелчани победија со 28-20 и на крајот гоосвои третото место на 49. издание на Струшкиот ракометен турнир.
Бутел предноста која значеше победа ја направи уште во првиот дел кој го доби со 17-10. Во второто полувреме со сигурна игра ја одржаа предноста која значеше победа.