Вардар му се реваншираше на Е. Пелистер и го освои 49. Струшки турнир

446

Вардар му се реваншираше на Е. Пелистер за поразот во Суперкупот и со 33:32 дојде до трофејот во 49. издание на Струшкиот ракометен турир. Во исклучително возбудлив меч, кој доби и две продолженија од по 5 минути, Вардар успеа подобро да се снајде во финишот и на крилата на извонредниот Тимур Дибиров да дојде до трофејот.

Дека натпреврот ќе биде неизвесен до самиот крај најави играта и резултатот во првото полувреме. Вардар замина на пауза со предност од еден гол, 15:14, која не воведе во вистинска драма во вторите 30 минути.

Вардар беше подобар во првата половина од вториот дел, додека Е. Пелистер успеа да се врати комплетно во мечот во последните 15-тина минути, па на моменти да има и предност од 2-3 гола разлика. Во завршните минути од регуларниот дел се влезе во егал, но Е. Пелистер постојано беше чекор пред „црвено-црните“. Во последната минута, битолчани влегоа со двајца ракометари повеќе на терен по еден црвен картон и исклучување кај Вардар, постигнаа гол од пенал за 28:27, но Вардар и со дефиците на теренот преку Моралес успеа да израмни на 28:28.

Иако имаа напад со двајца играчи повеќе, битолчани не успеаја да погодат за победа.

Продолжението почна со брз гол за Пелистер. Вардар возврати со гол од седум метри, па Радовиќ со брз пробив ја врати предноста за битолчани. Вардар имаше проблеми во нападот, откако Секељи на неколку наврати ги спречуваше чистите шутеви на Кудиз и Валчак, па битолчани ги добија првите 5 минути со 31:30.

Радовиќ и Дибиров како да играа симултанка пред головите. До 32:32 и двајцата постигнаа по 4 гола за своите тимови во дополнителното време. Дибиров го постигна и решавачкиот гол од пенал на 3 секунди пред крајот за 33:32 и победа на Вардар.

Дибиров го заврши мечот со 10 гола. Радовиќ беше одличен кај Е. Пелистер со 7 гола. На голот кај Вардар одличен беше Томовски со 11 интервенции, додека Секељи на спротивната страна заврши со извонредни 15 одбрани.

ПретходноБарселона го посакува тандемот на Арсенал!
СледноДибиров прогласен за МВП на турнирот во Струга