И одново, повторно, Шкендија е очај. И со Ѓока и со Бруно. Нема никаква разлика. Денеска барем шампионот постигна гол и тоа по пауза од цели 518 минути, но одново загуби. Овојпат од разиграната Ренова која знаеше што сака, знаеше како да дојде до трите бода. И одигра сосема квалитетни. Јусуфи и Селмани стрелаа за победа. Дориев намали, колку за утеха.
Но, нема утеха. Резултатот е 1:2. И точка.
Оваа Шкендија не знае кај тера. Ако продолжи вака ќе нема шанси да ја одбрани титулата.