Борусија Дортмунд вчера со 5:2 успеа да го “торпедира“ Ајнтрахт Франкфурт и со тоа да освои големи три бода на стартот од новата сезона во Бундес-лигата.
Јасно е дека на теренот “царуваше“ Ерлинг Халанд со три постигнати голови, но она што го направил капитенот Марко Ројс, било одлучувачко за да се дојде до ваква голема победа.
Марко Розе, тренерот на “милионерите“ го пофали својот капитен и притоа истакна…
“Во еден момент на сред натпревар, Ројс дојде кај мене и ми рече дека треба да ја смениме формација во 4-2-3-1 зошто гостите не играат баш по она очекувана од нас формација 4-1-4-1. Го послушав неговиот совет, брзо реагиравме и ете успеавме да победиме. Со ова Ројс покажа голема одговорност при водење на екипата како капитен“ посочи Розе.
ФОТО: Borussia Dortmund facebook