Лапорта подготви нешто неочекувано, навивачите ќе имаат што да слушнат!

1248

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта е во центарот на вниманието по заминувањето на Лионел Меси од клубот. Се чини дека не сака во иднина да се шират шпекулации, иако веќе еднаш излезе со изјава во јавноста по заминувањето на Аргентинецот, сега закажа нова прес-конференција и тоа веќе утре.

Според медиумите во Шпанија, Лапорта ќе му даде одговор на неговиот претходник, Бартомеу, кој е најзаслужен за финансискиот колапс на Барселона.

Бартомеу замина од клубот, но „фрли ракавица“ во лицето на Лапорта, кој пак нема да остане должен, со што дополнително ќе ги придобие симпатиите од навивачите, кои се крајно разочарани по заминувањето на Меси.

ПретходноДен за финале: Кадетите и кадетките по трофејот во Скопје и во Клаипеда
СледноВистинско ремек дело: Во Србија падна еден најубавите голови и тоа од 60 метри (ВИДЕО)