Неверојатно добар натпревар помеѓу Њукасл и Вест Хем од 1.коло на англиската Премиер лига. Шест гола паднаа на „Сент Џејмс Парк“, а домашните и покрај тоа што два пати водеа на крајот изгубија со 2:4.
Калум Вилсон носи предност за Њукасл по нафрлувањето на Сен Максимин во 5. минута, а во 18-та Арон Кресвел изедначи. Во 40. минута Џон Марфи ја тресе мрежата за ново водство на Њукасл.
Во второто полувреме домашните го положија оружјето. Бенрахма по нафрлување на Антонио со глава тресе за 2:2, а потоа и пенал за гостите. Во таа ситуација Антонио промаши, но одбиената топка Соучек ја смести во голот за предност на Вест Хем.
Само три минути подоцна добар контра напад на „чеканите“, Бенрахма го проигра Антонио, а овој со шут од косо ги постави конечните 4:2.
Антонио се изедначи со легендарниот Паоло Ди Канио на клупската листа на најдобри голгетери во Премиер лигата. Двајцата имаат по 47.