Ромелу Лукаку откако пред неколку денови, за 115 милиони евра, се пресели во Челзи, денеска на социјалните мрежи имаше емотивно простување од фановите на Интер. Клуб во кој беше две години, и со кој минатата сезона ја освои титулата во Серија А.
Тој се обиде да ги убеди фановите на Интер за овој негов неочекуван потег па покрај другото го напиша и ова…
“Првата година се заврши на најтежок можен начин (пораз во финалето на Лига Европа во која тој си даде автогол), но тоа ми даде сила за во иднина. Токму затоа во следната сезона станавме шампиони. Давав максимум на секој тренинг, на секој натпревар, само вас да ве направам среќни“ посочи напаѓачот од Белгија.
Во продолжување го напомена и следното…
“Враќањето во Челзи ми беше животна шанса. Сепак една работа е сигурна, а тоа е дека засекогаш ќе бидам Интерист, зошто без вас не би бил ова што сум сега. Ви благодарам од дното на душата. Ве сакам!Напред Интер“ заклучи Лукаку.