Македонските кадети поразени во финалето на ЕХФ шампионатот

243

Македонската кадетска репрезентација го освои второто место на ЕХФ шампионатот во Скопје. Избраниците на Кирил Лазаров во финалето против Полска беа совладани со  35-33 (17-17).

Второто полувреме, поточно почетните неколку минути беа пресудни за овој исход. Ракометарите на Полска предводени од одличниот голман Алал зачекорија кон пехарот.

Во првото полувреме и двете репрезентации имаа свои минути, Полска водеше со 9-7, на другата страна нашите момци имаа позитива од 12-14 и 14-16. Залогот беше голем, противникот благодарение на наши грешки на одмор изедначи на 17-17.

За три минури, Полска со серија од 4-0 направи целосен пресврт, поведе со 24-29 во 50 минута, период во кој грешевме, период во кој реализацијата застана.

Полска на средината на второто полувреме благодарение на своите голмани, поведе со 28-22.

Дојдовме на минус три во 51 минути (29-26), конечно успеавме да го совладаме голманот на Полска, Алал, кој имаше 18 интервенции. Полска одново поведе со плус пет, на крајот го ублаживме поразот.

Останува од ЕХФ да потврдат дали Македонија ќе игра квалификации за ЕП.

ПретходноКореа му донесе на Атлетико победа во Виго (видео)
СледноШкупи покажа како треба во скопската пресметка (ФОТОГАЛЕРИЈА)