Мирчевски непогрешлив: Два пенали, два гола и три бода за “Пандевци“!

1328

Академија Пандев – Работнички 2:0. Ова е епилогот на последниот натпревар од 2.коло во ПМФЛ. Вечерва во Струмица, во отворен и квалитетен натпревар, сека домашните победија и тоа со два гола од два пенали кои ги досуди судијата Владимир Ѓорѓиевски. Двоен стрелец беше Мартин Мирчевски.

Во првиот дел Работнички како да беше подобар, тактички добро поставен, знаеше што сака. Имаше и неколку опасни закани кон домашниот гол.

Во второто полувреме Академија Пандев имаше зицер преку Мирчевски, но Јанков успеа да го одбрани тој удар. И во 73.минута, судијата покажа на белата точка за домашните, по еден прекршок а токму Мирчевски реализираше за 1:0. Во 86.минута уште еден фаул во гостинскиот шеснаесетник, овојпат врз Мартинага, и уште еден пенал. И овојпат Мирчевски беше поуспешен за 2:0.

Интересно, ниту една екипа во ПМФЛ нема две победи во првите две кола.

ПретходноТухел не смета дека се фаворити за титулата: Пред нас има три фаворити кои ќе ги бркаме
СледноИ без Меси, Барса тргна победнички (ВИДЕО)