Вториот светски рекет, Наоми Осака, објави дека ќе ги донира сите парични награди од турнирот во Синсинати како помош за настраданите во разорниот земјотрес кој го погоди Хаити.
„Болно е да се гледа што се случува на Хаити, ние сме толку несреќни цело време. Следната недела ќе учествувам на турнирот и ќе ја дадам наградата за да им помогнам на Хаиќаните. Знам дека крвта на нашите предци е силна, ние ќе продолжиме да одиме напред“, напиша Осака на Твитер.
Во земјотресот што се случи во саботата на западниот дел на Хаити загинаа повеќе од триста луѓе, но потрагата по жртвите под урнатините продолжува.