ПМФЛ: Битка за Тетово, битка за Скопје…ќе има ли вечерва “романтика“ во Струмица

498

Попладнево и вечерва се играат сите шест натпревари од 2.коло во ПМФЛ. Во центарот на вниманите се двете градски дербија. Она во Тетово, во кое се среќаваат Шкендија и Ренова, и она во Скопје, каде меѓусебе силите ќе ги одмерат Шкупи и Македонија ЃП.

Прашање над прашањата е дали конечно Шкендија по пет меча или вкупно 450 минути ќе успее не само да победи, туку и да постигне гол. Четирите европски меча ги загуби а минатата недела во Прилеп одигра 0:0 со Тиквеш.

На потег се стрелците на шампионот, посебно Бесарт Ибраими кој просто заборавил кога последен пат ја тресел противничката мрежа.

Ренова пак својот адут го има на клупата. Тоа е тренерот Ќатип Османи, кој треба да се врати меѓу своите момци по паузата поради болест. Кој друг толку добро ја знае Шкендија како Ќато, човекот кој му донесе три титули на овој тим.

На “Борис Трајковски“ играат Шкупи и Македонија ЃП. Ова е уште едно дерби, уште една градска пресметка. Секако дека ќе биде интерено.

ДА ВИДИМЕ КАКО НА ГОСТИ ИГРА БРЕГАЛНИЦА

Тиквеш му гостува на Борец во Велес, е тука навистина ништо не се знае. “Напалени“ се и двете екипи за бодови. Брегалница ќе има тешко, навостина тешко гостување. На Автокоманда кога домаќин е Скопје и поквалитетни екипи од “сините“ ги оставале бодовите. Да видиме како Брегалница игра на гости, и тоа кај “пиратите“.

Струга Трим Лум има нерасчистени сметки со Пелистер од минатата сезона. Добро паметиме што се случуваше тогаш во Струга. Еве шанса за одмазда. Сепак Пелистер не е за потценување.

И вечерва од 20 часот, под светлоста на рефлекторите, во Струмица играат Академија Пандев и Работнички. Две екипи чии амбиции и оваа сезона се европски. Ете шанса да се види убав, атрактивем фудбал на две квалитетни екипи.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

СКОПЈЕ -БРЕГАЛНИЦА

БОРЕЦ – ТИКВЕШ

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 Ч)

ПретходноФатих Исмаили: Шкупи оди по трите бода со “лавовите“!
СледноФудбалскиот свет во шок: Почина Герд Милер!