Завршија петте попладневни средби од 2.коло во ПМФЛ. Во дербито на колото екипа Шкупи покажа карактер, квалитет и успеа да ги совлада “лавовите“ со 2:0. Ова е прва победа на четата на стратегот Гоце Седлоски во вториот меч сезонава.
Шкендија однови не победи. Загуби во градското дерби од Ренова, но барем постигна гол, и тоа прв по цели 518 минути. Стрелец беше Дориев, а Јусуфи и Селмани ја креираа големата победа на Ренова.
На Автокоманда реми без голови одиграа Скопје и Брегалница. Струга ТЛ со голот на Скендери го победи Пелистер, додека Борец со голот на Манасиев во 93.минута славеше против Тиквеш. Претходно голови дадоа Ѓорѓиев за велешани и Вареловски за кавадарани.
Вечерва во 20 часот во Струмица, се среќаваат А. Пандев и Работнички. Тоа ќе биде последен меч од ова 2.коло во ПМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 1:2
(Дориев 68./Ф. Јусуфи 20., Р. Селмани 48.)
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0
(Сенгор 42.,Алварез (п) 90+4.)
БОРЕЦ – ТИКВЕШ 2:1
(Ѓорѓиев 52., Манасиев 90+3., /Вареловски 56.)
СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1:0
(Скендери 61./)
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0:0
А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20:00 Ч)
ГОЛОТ ОД МЕЧОТ СТРУГА – ПЕЛИСТЕР
ГОЛОВИТЕ ОД МЕЧОТ ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0