Еден од конкурентите за првото место, РБ Лајпциг со пораз ја почна новата сезона во Бундес лигата. „Биковите“ доживеаа пораз на гостувањето кај Мајнц со 1:0. Претходните години тие лесно поминуваа во дуелите со Мајнц но сега наидоа на црвст ѕид. Домаќините можеби не беа двигатели на нештата на теренот меѓутоа доволно мудри да реализираат и потоа да го сочуваат водството.
Стрелец на победничкиот гол е Ниакате во 13-тата минута.