Стојкоски: Работнички во Струмица посакува позитивен резултат!

144

Работнички вечерва од 20 часот во Струмица и гостува на Академија Пандев. Меч кој треба да биде атрактивен, со многу надигрувања, голови. Ова се две навистина квалитетни екипи.

По триумфот над Борец во минатото коло, Работнички не крие дека сака бодови и вечерва.

Во таа насока размислува и капитенот на “романтичарите“ Кристијан Стојкоски.

Премиерното издание може да радува. Одигравме квалитетно и успеавме да го победиме Борец. Сега сакаме да продолжиме во ист ритам и вечерва, против Академија Пандев. Јасно е дека “пандевци“ се квалитетен тим. Од друга страна ние имаме верба во своите можности и способности, и доколку одиграме како што треба тогаш би можеле да оствариме позитивен резултат. Што е целта на ова наше гостување“ потенцира Стојкоски.

ПретходноГерд Милер: КРАЛОТ на головите, “БОМБАРДЕРОТ“ на Германија…
СледноНишто веќе нема да биде исто, Барса ја стартува ерата без Меси!