По ремито со Брегалница на отворањето на сезоната во ПМФЛ, и тоа во Штип, екипата на Шкупи попладнево на “свој“ терен во Маџари ја дочекува Македонија ЃП. Секако дека императивот за чаирчани е само победа и ништо друго.
Бодовите се потребни, неопходни, тоа го знае и Фатих Исмаили.
“Ни претстои и тоа како тежок меч. Македонија ЃП е квалитетна екипа, тоа го покажа во последните неколку сезони. Ние го респектираме противникот, и иако не играме на нашиот стадион на Чаир, секако дека ќе одиме по трите бода. Да кажам дека со помошта на нашите навивачи “шверцери“ ќе ни биде полесно“ изјави Исмаили, фудбалерот на Шкупи.
Да кажеме дека мечот со Македонија ЃП се игра денеска од 17 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.