Foto> Twitter/Tottenham Hotspur
Манчестер Сити доживеа пораз во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига. Денеска на „Вајт Харт Лејн“ шампионот на Англија не успеа да извлече поволен резултат од гостувањето во Лондон и си замина без бодови. Тотенхем победи со 1:0.
И двата тима беа донекаде изедначени по бројот на шансите иако поседот на топката очекувано го имаа фудбалерите на Пеп Гвардиола. Погодокот кој на крајот се покажа како победнички го постигна Сон во 55. минута.
Јужнокореецот доби топка на десната страна иако имаше фудбалер пред себе најде простор и шутна од околу 16 метри по земја и го совлада противничкиот голман.
Инаку ова е 26-та победа на Тотенхем во 49-тото соочување со Манчестер Сити во Премиер лигата. На „граѓаните“ не им оди против Тотенхем во последно време, ги изгубија двата меча претходната сезона (со по 2:0), а имаат дури 16 порази на „Вајт Харт Лејн“ вклучувајќи ги и последните три гостувања на овој стадион.
ГОЛОТ НА ТОТЕНХЕМ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ